ИЗЛОЖБА “УМЕTНИЦИТЕ ВО ЧЕСТ НА СВ.НИКОЛА“
На 19 декември 2013 г., во ликовниот салон беше отворена изложбата ,,Уметниците во чест на Св. Никола”, која се реализира по втор пат, во соработка со општина Прилеп, а по повод патрониот празник на градот.
На изложбата се претставуваат 21 уметник од Прилеп, Битола, Охрид, Гевгелија, кои изложија 41 дело ( икони, резби, слики) на тема “Светци”.
Годинашни учесници на изложбата:
Од Прилеп: Марјан Стојаноски, Марија Стојаноска, Илија Дудески, Благоја Атанасоски, Борче Тодороски, Александра Јовеска, Наде Тоскоска, Александар Тодороски, Орде Стамболџиоски, Стеван Боцески, НиколаТопчиоски, Драган Верговски и Тони Трајкоски.
Од Охрид: Јане Бакрески, Ванчо Димоски, Даниел Колевски, Гоце Ѓоревски.
Од Гевгелија – Драги Хаџи Николов.
Од Битола: Стефан Малбашиќ, Соња и Златко Лечковски