Изложба на Светлана Солодовникова
На крајот од декември 2013 Центарот, во галеријата ја реализираше изложбата на слики “Игнатов пат” од руската уемтница Светлана Солодовникова, која се претстави со 40 дела. Наместо отворање изложбата беше затворена на 24 декември.
Светлана Солодовникова, Русија, е учесник на многубројни изложби во Москва, Московската област, во Русија, Македонија, Бугарија. Позната е како организатор на изложби, етноуметнички фестивали, на колонии, од кои дел се со меѓународен карактер.
Во јануари 2001 година официјално ја формира групата на уметници”Соло”, а е член е на Професионалниот сојуз на уметници на Русија.
Светлана Солодовникова има учествувано на повеќе колониии во Русија, во Бугарија, Србија, Македонија, а беше дел и од ликовната колонија Дрен, што ја организира ЦК”Марко Цепенков”.
За дејноста во областа на културата и уметноста во 2008 година наградена е со орденот “Единство – дејствување во името на народот”.