Изложба на слики од Струмичката ликовна колонија
Изложба на слики од Струмичка ликовна колонија е отворена на 31 јануари 2014 година во галеријата.
Љубителите на ликовната уметност имаат можност да проследат дела од 20 уметници од Македонија, Турција, Бугарија, Полска, Канада, Италија, Србија, создавани на оваа реномирана македонска колонија, која лани се одржа по јубилеен 50 пат.
– Во делата се гледа душата на уметниците и нивните емоции и импресиите од нашето македонско поднебје – рече Иван Јовев, директор на ЦК”Антон Панов”, на отворањето на изложбата.
Струмичката колонија во изминатите 50 години ги открива тајните на сликарството, вајарството и на мозаикот.