Search
Close this search box.

Изложба на фотографии од Мишо Јузмески

Изложба на фотографии од Мишо Јузмески

Во ликовниот салон на Центарот на 21 март 2014 е отворена изложбата на фотографии ,, Охрид во 26 слики,, од охриѓанецот Мишо Јузмески.

За авторот:

Мишо Јузмески – писател, публицист и фотограф, досега реализирал повеќе изложби: 7 (седум) самостојни изложби, и тоа во: Мелник (Р. Бугарија)- 2008 година, Бургас (Р. Бугарија)- 2011 година, Елшани (Охридско)- 2008, Битола- 2013 година и три во Охрид. Учествувал исто така и на една групна изложба во Охрид, а некои од неговите фотографии се објавувани како илустрации во разни публикации.

За изложбата:

Она што ги карактеризира фотографиите од оваа изложба на Јузмески е погледот кон нештата кои при првиот пат не ја нудат убавината на што плени. Неа треба да ја откриете преку мислите. Да се презентираат невообичаените делови од Охрид преку фотографската уметност значи да се гушне сегашноста со секоја одделна клетка. Езерото како неодминлив дел од Охрид што дава потполна инспирација за секое човеково сетило, приказот на нераскинливата врска на традицијата со современиот свет и презентирањето на надежта како последна форма на живост преку фотографиите од цркви, се клучните три теми на кои се фокусира авторот во оваа изложба.“ – м-р Лидија Размоска

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања