Search
Close this search box.

На увид дела од Ресенската керамичка колонија

На увид дела од Ресенската керамичка колонија

Во галеријата на 28 март 2014 година беше отворена изложба на дела од Ресенската керамичка колонија, на која се презентирани 40 творби од исто толку автори од 20 земји од светот.

Ресенската керамичка колонија е формирана во 1973 година. Во овој период од 40 години постоење, на меѓународните сесии во ателјето на Колонијата во Отешево, се создадени повеќе од 1000 уметнички дела во глина, од 238 автори, од 24 земји од целиот свет (САД, Нов Зеланд, Холандски Антили, Јужна Кореа, Данска, Швајцарија, Турција, Франција и тн.) Дел од нив, околу 400, се изложени во Галеријата на современа керамика, во зградата САРАЈ, во Ресен.

Покрај творечката и изложбената дејност, Колонијата има и издавачка дејност која ги содржи сите каталози на изложбите организирани во земјава и во странство и двете монографии по повод јубилеите на Колонијата. Постојат и 260 библиографски единици од печатени медиуми, 7 документарни ТВ емисии, безбројни интервјуа на националното и на локални радиостаници. Во 1998 година е снимен документарен, краткометражен филм, „Копнеж по глина“, презентиран на повеќе културни манифестации и фестивали на краток филм.

Во 2000 година, Ресенската керамичка колонија е примена под уставното име на нашава држава, во Меѓународната академија за керамика при УНЕСКО, со седиште во Женева, во категоријата на професионални асоцијации.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања