Search
Close this search box.

Изложба на Моника Мотеска

Изложба на Моника Мотеска

Во петокот 11.4. 2014 во галеријата од Центарот е отворена изложбата ,,Документ дете,, од нашата сограѓанка Мотика Мотеска, која се претставува со 15 фотографии.

МОНИКА МОТЕСКА, дипломирала на Факултетот за ликовна уметност – сликарски оддел во Скопје, 1996. Се занимава со сликарство, фотографија, видео и инсталација. Работела на дизајнирање на изложби и промотивни материјали од областа на старата фотографија.

Реализрала бројни самостојни и групни изложби во земјата и странство ( САД, Србија, Унгарија, Австрија, Бугарија, Грција, Германија )…

Мотеска мошне вешто ја поттикнува и ја одржува концентрацијата и интересот на децата учесници во проектот ,,Поинаков поглед,, иако негувањето на еден ваков социјален проект, проект на „социјалната пластика“ како што би го дефинирал еден Бојс, претпоставува тешка и макотрпна психолошка подготовка и ангажман во текот на практичната реализација. Токму затоа, овој проект на Мотеска претставува своевидна новина во нашата актуелна уметност бидејќи е редок пример за практикување на уметноста во релација и уметноста сватена како социјално обликување.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања