Search
Close this search box.

Ретроспективна изложба на Стеван Василески

vasileski1

Ретроспективна изложба на Стеван Василески

Во галеријата од ЦК,,Марко Цепенков,, бше отворена  ретроспективна изложба на уметникот Стеван Василески, на која беа презeнтирани околу 40 дела.

Податоци за Василески

vasileski1Стеван Василески (1932 – 2013 год.) од Прилеп. Завршил средна уметничка школа и Педагошка академија – група ликовно воспитување во Скопје. Работел како ликовен педагог во О.У. ,,Браќа Миладинивци,,, подоцна О.У. ,,Добре Јованоски,, од каде и се пензионирал. За постигнатите резултати во ликовното воспитување кај децата и за ширењето на ликовната култура, Битолскиот завод за школство на поранешна СФРЈ, го назначил за советник по ликовно воспитување во Прилеп и неговото подрачје. За сî што сторил во областа на ликовната култура, Републичкиот педагоски совет, му го доделува звањето ,,Особено истакнат ликовен педагог,,

Како уметник, во 1958 год. станал член на Друштвото на ликовни уметници во Македонија (ДЛУМ). Оттогаш редовно учествувал на сите годишни изложби на ДЛУМ во Скопје и други градови во нашата Република, но и надвор од неа. За време на неговото ликовно творештво имал отворено повеќе самостојни изложби во Макеоднија и надвор од неа. Тој е првиот македонски сликар, кој самостојно излагал во Солун- Грција, во галеријата ,,АРСА,, во 1974 год.

Стеван Василевски своите слики ги доближувал и до работникот, отворајќи самостојни изложби по работните колективи, фабриките и рудниците. Делата ги изработувал во повеќе техники: масло на платно, масло на шперплоча, графики, мозаици и др. Карпите, нивните форми, вегетацијата, Маркови Кули и прилепското поднебје, се неисцрпен извор на инспирација-еден посебен свет кој примамливо го привлекува окото на секој уметник.

Добитник бил на Септемвриската награда на град Прилеп за мозаикот во белата куќа на Тутунскиот комбинат, награда на ДЛУМ, прва награда од галеријата ,,КО РА,,- Скопје….

Одликуван бил и со Орден на трудот со сребрен венец и Орден на трудот со златен венец.

Негови слики се наоѓаат во многу домови во нашава Република и надвор од неа и тоа во Бугарија, Грција, Србија, Словенија, Русија, Германија, Америка и Романија.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања