Ретроспективна изложба на колонијата Де Ниро
Ретроспективна изложба од 28 дела од битолската колонија Де Ниро е отворена во ликовниот салон. Љубителите на ликовната уметност имаат можност да проследат дела создавани од познати македонски и странски уметници кои учествувале низ годините на реномираната ликовна колонија. Изложбата е резултат на добрата соработката меѓу Центарот за култура и колонијата, на која досега учествувале стотина уметници од Македонија и целиот свет, кои создале над 300 уметнички дела.