Search
Close this search box.

ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ ОД КАСИОПЕЈА НАУМОСКА

Изложба на слики од Касиопеја Наумоска

Изложба на 30 слики до уметницата Касиопеја Наумоска е отворена на 4 јули  во галеријата.

Изложбата вели авторката го означува континуитетот на нејзиното разбирање на ликовната уметност.

– Таа е континуитет на она што  го толкувам како ликовна мисла или третирам во моето сликарство. Ја есапам како прослава на 20 години творештво, но сепак ги опфаќа моите размислувања од последниве две до три години, како порив, мотив, приоритет – вели Наумсока.

Според неа акцентот во секоја уметност е на индивидуалноста и дека само силно изразени творечки величини ги носат промените. Наумоска која има дипломирано на ФЛУ, има реализирано повеќе самостојни и групни изложби во земјата и странство и е добитник на награди и признанија, меѓу кои и наградата за сликарство”Петар Мазев” во 2003 година.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања