Search
Close this search box.

Изложба “Предели” на Драган Најденовски

Изложба “Предели” на Драган Најденовски
Изложба на 30 слики во комбинирана техника “Предели” од битолскиот уметник Драган Најденовски е отворена во галеријата во рамките на Прилепското културно лето.
Најденовски како уметник учествувал на повеќе групни изложби низ земјата и странство, на меѓународни манифестации на графика, како и на ликовни колонии и е добитник на повеќе награди и признанија. Самостојно имал изложби во Битола, Сараево – БиХ, Прилеп, Скопје, Кавадарци, Пазарџик – Бугарија, Неготино, Скопје…

За неговото творештво Роберт Цветковски – историчар на уметност, ќе забележи дека е ликовен автор со солиден излагачки багаж и дека контактите со другите уметници и нивните дела несомнено извршиле влијание врз сликарската визија, но, секако , тука се и архетипските слики коишто секој сликар интуитивно ги вградува во своите дела.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања