Search
Close this search box.

Изложба на фотографии “Помеѓу” од Гунтис Швинтинш

Изложба на фотографии “Помеѓу” од Гунтис Швинтинш

“Помеѓу” е тематската изложба на фотографии од Гунтис Швитинш од Латвија која од  петок 19 септември е поставена во галеријата на Центарот. На изложбата се презентирани 50 фотографии од латвискиот фотограф. Гунтис Швитинш со неговата изложба на фотографии Помеѓу не внесува во светот на Латвија со сите нејзини убавини и карактеристики, промовирајќи ја нејзината култура и традиција како најмоќно средство за комуникација која магнетно ги привлекува луѓето да видат, слушнат и да ги доживеат вибрациите на безвременски категории без разлика на припадност, земја и континент.

Историчарот по уметност и графички уметник Швитинш е роден 1954 г. во Јеглава, Латвија. Дипломирал на Народниот универзитет за култура, Факултет за дизајн при Полиграфскиот централен клуб во Рига. Во 2003 година дипломирал на Ликовната академија на Латвија. Почнал да објавува публикации во 1984 година, организирал изложби, креирал дизајни. Омилени мдеиуми му се пастел, туш и компјутерска графика. Креира апстрактни композиции и употребува симболи и знаци од културата и историјата. Имал изложби во Летонија, Естонија, Литванија, Ерменија, Шпанија, Колумбија. Омилени теми на фотографиите му се природата, необичните моменти и сцени од секојдневниот живот.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања