Search
Close this search box.

Изложба “Птичјата градина” од Симонида Ф. Китановска

Изложба “Птичјата градина” од Симонида Ф. Китановска

Птичја градина” е тематската изложба на околу 30 акварели од уметницата Симонида Филипова Китановска што е отворена во галеријата на Центарот. Авторката се претставува со дела во кои колористички ги компонира своите мисли и чуства, додека изразот е концизен и суптилен, а темата разновидна и интересна.

– Нејзините акварели не раскажуваат – тие се полни со внатрешна сила.. Нејзината уметност ги покажува силните чувства на суптилност, слободата на допирот со четка и вибрацијата на движенјето, впива цврста хроматска рамнотежа во која студот и топлината се усогласуваат – вели Татјана Бундалевска.

Симонида Ф.Китановска завршила ФЛУ во Скопје во класата на професорите Димитар Кондовски и Родољуб Анастасов. Реализирала самостојни изложби во Скопје, Неготино, Берлин, Софија,. Љубљана, Нови сад, Бостон, Њујорк, Белград, реализирала повеќе групни изложби, перформанси и инсталации и учествувала на ликовни колонии во земјата и во страснтво. За нејзиното творештво е добитник на повеќе награди.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања