Search
Close this search box.

Изложба на акварели од Илија Миноски

Изложба на акварели од Илија Миноски

На 10 октомври во галеријата беше отворена изложбата од нашиот уметник Илија Миноски, кој се претставува со 30 акварели на тема,,Маркови кули,,.

Податоци за уметникот

Илија Миноски е роден 1936 година во Прилеп, во семејство кое ја негувало уметноста. Неговиот татко Кирил бил еден од основоположинците на современата уметност во градот. Најпрво завршил Училиште за применета уметност во Скопје, а во 1978 година дипломирал на Педагошката академија во Скопје, во одделот за сликарство во класата на професорите Б. Лазески, Д. Кондоски, Д. Тодороски, Д.Пандилов. Оставрил студиски патувања во Грција во 2004 година, а во 2005, 2006 и 2007 во Бугарија.

Најпрво работел како дизајнер во Велес, во фабриката за порцелан, а од 1962 година до пезинионирањето, како наставник по ликовно образование во ОУ,,Климент Охридски,,.

Самостојни изложби:

-Прилеп (1971, 1981, 1991, 1995)

– Скопје – КИЦ (1993, 1999, 2000)

– Битола (1994)

– Штип(1999)

– Неготино, Гевгелија..

– Грција (2008).

Учествувал на повеќе групни изложби на ДЛУП, на ДЛУМ, во Лесковац, Валево, на ликовни колонии .

Награди:

– Награда за животно дело – 2013 година на град Прилеп

– Специјална награда во Битола

– Диплома во Нови сад

– награда на ДЛУП за најдобро ликовно оставрување во 1985 на КПЗ Прилеп

– Три години прогалсен за најдобар акварелист во Бугарија

– Во Грција награда за успешен акварелист

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања