Изложба на слики од Новица Трајковски
“Божествена љубов” е тематската изложба на слики отворена во ликовниот салон на Центарот. Трајковски првпат изложува дела во нашиот град. Изложбата ја отвори градоначалникот Марјан Ристески. Според Љубен Пауновски сликарството на Новица е типична автобиографска исповед на стварното во егзистенцијалниот пат на уемтникот. Неговото сликарство е средба на реалноста и соништата кои уемтникот ги доживеал.
Новица Трајковски роден 21 12 1962 година во Илинден Скопје . Средно уметничко и ФЛУ завршува во Скопје во класата на професорот Родољуб Анастасов и Димитар Кондовски . Има реализирано над 40 самостојни изложби и многу групни . Учествува и на многу колонии . Член на ДЛУМ.