Search
Close this search box.

Изложба ,,IN – OUT – ILLUMINATION’’ од Благојче Наумоски – Бане

Изложба ,,IN – OUT – ILLUMINATION’’ од Благојче Наумоски – Бане
Изложбата ,,IN – OUT – ILLUMINATION’’ од Благојче Наумоски Бане е отворена во галеријата, 27.3.2015. Уметникот за првпат во Прилеп се претставува со 14 дела кои се инсталациска поставка и слики со роентген снимки и целосни тела од рентгени.
– Она што ние го носиме во себе, онаа што во решението ја нарекувам ,,трансцедентална енергија,, на самото наше битие и она што постојано се восприема од надвор, онаа енергија што ја нарекувам протомордијална е трансцеденталност на нашето битие изразена низ нејзината енергија носејќи ја во себе и емитирајќи ја надвор од себе, при тоа воведувајќи една симбиоза со протомордиалноста на стварноста, односно со нејзината енергија – вели авторот.

Благојче Наумоски Бане дипломирал на ФЛУ во Скопје во класата на проф. Рубин Корубин. Во 2009 година магистрирал во класата на проф. Јован Шумковски. Од 2007 година е член на ДЛУМ. Од 2009 г. е дел од арт групата И.Н.С.Т.И.Т.У.Т. Од 2012 г. работи како асистент на Факултет за арт и дизајн при Европскиот универзитет на Македонија. Има реализирано повеќе самостојни и групни изложби во земјата, во Германија, Словенија, САД, Франција, Израел, Чешка, Полска, Бугарија, Косово, а учествувал во перформанси и на ликовни колонии.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања