Search
Close this search box.

БУРА Вилијам Шекспир

НУ Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп

Театар „Војдан Чернодрински“

Премиера на 5.06.2024 година 

БУРА

Вилијам Шекспир

Режија и адаптација: Џон Блондел

Сценографија, костими, светло и плакат: Благој Мицевски

Музика: Томе Темелкоски

Драматург: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска

Играат:

ПРОСПЕРО, вистинскиот војвода од Милано……………………………ИГОР ТРПЧЕСКИ

МИРАНДА, ќерка му…………………………………………………………………АНГЕЛА НАУМОСКА

АРИЕЛ, дух, ветроштина…………………………………………………………..ДАНИЕЛА ИВАНОСКА

КАЛИБАН, роб на Просперо……………………………………………………..НАТАША АЧАНСКИ

АЛОНЗО, кралот на Неапол; ТРИНКУЛО, шут………………………….ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИ

АНТОНИО, брат на Просперо; СТЕФАНО, служител…………………АЛЕКСАНДАР ТОДЕСКИ

ФЕРДИНАНД, син на Aлонзо; ГОНЗАЛО, советник………………….МИХАЈЛО МИЛЕНКОСКИ

СЕБАСТИЈАН, брат на Алонзо…………………………………КАТЕРИНА ЧАКМАКОСКА-КЛИНЧЕСКА

ЈУНОНА, дух во служба на Просперо……………………………………….АНА МИТОСКА

Техничка екипа:

Инспициент – Елена Иваноска

Суфлер – Лилјана Батлеска

Светло мајстор – Ристе Гркоски

Сликар исполнител – Пеце Ристески

Реквизитер – Гоце Тодороски

Гардеробер – Снежана Ѓорѓиоска

Фризер-перикер – Даринка Богоеска

Декоратери – Сашо Смоквоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски

В.д. директор – Јасмина Мицовска Станкоска

Бура (1611) обично се смета за последната драма на Шекспир. Имал удел и во следни соработки, но ова е неговото последно напишано дело. Во него, волшебникот Просперо – поранешен војвода од Милано, живее на пуст остров со својата млада ќерка Миранда, со робот Калибан и со духот-помошник Ариел. Кога неговиот брат, предавникот Антонио плови во близина на островот, Просперо предизвикува бура во која Антонио преживува бродолом заедно со Алонзо – кралот на Неапол, синот на Алонзо – Фердинанд, братот Себастијан, советникот Гонзало, шутот Тринкуло и служителот Стефано. Фердинанд, за кого мислат дека е мртов, ја запознава Миранда и се вљубува во неа. Антонио и Себастијан планираат да го убијат Алонзо, додека Тринкуло и Стефано се сретнуваат со Калибан, кој ја заговара смртта на Просперо. Ариел ги спречува сите заговори; Просперо го открива својот идентитет и им простува на својот брат и на Алонзо за нивното предавство. Просперо го пушта Ариел на слобода, а останатите – оставајќи го Калибан на островот – пловат кон Неапол.

Не знам ниту една друга ваква драма што во себе ја содржи целата богата сложеност на животот. Ако имаме среќа да живееме доволно долго, преживуваме бури; се вљубуваме; изневеруваме или сме изневерени; вршиме или трпиме насилство – вербално, психичко или емоционално; претрпуваме загуба; се прашуваме што нѐ чека; се смееме со пријателите; се каеме за грешките и чекориме кон неизвесната иднина. Бурата го содржи сето ова и уште повеќе. Тоа е прекрасно. Претставата е филозофија на животот, барем Шекспир ја понудува како таква преку неговото алтер его – волшебникот Просперо. И обајцата се слика на другиот: уметници кои стареат и прават некаков ред во својот живот движејќи се низ своето последното поглавје. За Шекспир, преку волшебникот Просперо, тајната на животот е да се запамети, а потоа да се прости. Иако првичната намера на Просперо можеби била да се одмазди (тоа не е сосема јасно во текстот), тој наскоро открива дека мора да си прости себеси, а потоа да им прости на другите. Тоа е прекрасна драма, дива и трогателна, која иако е многу стара, истовремено е многу модерна. Како што вели големиот романски режисер Ливиу Чулеј, „Класиката е класика затоа што е модерна“. Неизмерно уживав во работата на оваа претстава, со овие прекрасни луѓе во Прилеп. Сите се надеваме дека ќе уживате.

Џон Блондел

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања