Search
Close this search box.

Изложба на Мирослава Микица Трујкановиќ

Изложба на Мирослава Микица Трујкановиќ

Во галеријата на Центарот е отворена самостојната изложба на Мирослава Микица Трујкановиќ, (28.8.10.6.2015) која пред прилепчани се претставува со 15 дела со поголеми димензии во комбинирана техника. Повеќето од нејзините дела се принт на платно со уметнички интервенции.

Трујкановиќ по втор пат се претставува во Прилеп и вели дека многу се радува што при нејзината втора средба со љубителите на уметноста изложува сосема поразлични дела од претходниот пат.

МИРОСЛАВА МИКИЦА ТРУЈКАНОВИЌ е родена во Бор, Србија во 1975.

Дипломските студии по сликарство ги завршува на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1999 и на истоимениот факултет магистрира. Во 1999 год. станува член на ДЛУМ (Друштво на ликовните уметници на Македонија). Самостојни изложби има одржано во Скопје, Виена, Истамбул, Прилеп, Кавадарци, Неготино и повеќе од сто групни излагања во земјата и надвор од неа како што се САД, Австрија, Франција, Италија, Велс, Тунис, Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија…

Има остварено студиски патувања во Нирнберг, Виена, Париз и учествувано на повеќе од 30 Интернационални ликовни колонии. Добитник на неколку награди како што се:

награда за цртеж ’’Никола Мартиновски’’, втора награда на Интернационалното Арт Биенале- СИАБ, награди за сликарство ’’Петар Мазев’’ , ’’Димитар Кондовски’’,’’Никола Иванов-Балтон’’ и награда за сликарство на XЛИ Паинтинг еx – темпоре, Словенија.

Исто така добитник е и на Гран-при на XИИ Зимски салон и награда за најдобро дело од Националната галерија на Македонија.

Живее и работи во Скопје како професор во Државното средно училиште за применета уметност и дизајн ’’Лазар Личеноски’’.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања