Изложба „Македонија во светот на хералдиката“

Во Ликовниот салон од Центарот отворена е изложбата „Македонија во светот на хералдиката“.( 3.09. – 11.09.2024).

Изложбата содржи 35 панели  поделени  во  два дела. Првиот дел е за историски грбови поврзани со Македонија од 14 до 18 век, поделен во 3 дела: Грбовите на Македонија од европските и илирските грбовници, на Кралот на Македонија, припишаниот грб на Александар Македонски и принцот Македон од Ематија. Вториот дел е за современи македонски грбови, поделен во 3 дела: грбови на институции и организации, општински грбови и лични грбови

Автори на изложбата се Иван Нацевски, потпретседател и д-р Јован Јоновски, претседател на Македонското грбословно друштво, а ликовното уредување е на Димитриј Михајловски, од истото друштво, кое е единственото стручно тело по хералдика во Македонија.Изложбата ја отворија  публицистот Ставре Џиков и д-р Јован Јоновски, претседател на Макеоднското грбословно друштво МГД.

Изложбата се отвори по повод 8 Септември, Денот на независноста на  Македонија и 10 Јуни, светскиот ден на хералдиката.

**********************************************************

Хералдика или грбословие — наука која се занимава со правилата кои владеат при дизајнирањето, блазонирањето (опишување, читање) на грбовите. Хералдиката е севкупност на грбови како симболичен идентитет на поединци и групи и земји.

Хералдиката е уметноста на исцртување на грбовите.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости

Бидете секогаш во тек со новите случувања