Search
Close this search box.

,,Ретроспектива,, на брачниот пар Виолета Блажеска и Богдан Грабулоски

,,Ретроспектива,, на брачниот пар Виолета Блажеска и Богдан Грабулоски

Љубителите на ликовната уметност имаа ретка пригода да присуствуваат на униканто уметничко доживување. Низ целиот слободен простор на ЦК,,Марко Цепенков,, (галеријата, ликовниот салон, фоајето…) на 25.9. 2015 беше поставена изложбата ,,РЕТРОспектива,, од уметниците Виолета Блажеска и Богдан Грабулоски. Едновечерната ретроспектива беше мултимедијален проект преку кој беа презентирани инсталации (скулптури), фотографии, а придружно имаше и видео записи.

Со изложбата чиј носител беше НУ Музеј за современа уметност во соработка со ЦК,,Марко Цепенков,, а автор на проектот, поддржан од Министерството за култура, Марика Бочварова Плавевска, се одбележаа 40 години творештво на Блажеска и Грабулоски.

Податоци за авторите

Виолета Блажеска е родена во Охрид 1952 година. Академија за ликовни уметности завршила во Приштина во 1980 година. Работела како професор во гимназијата во Прилеп.

Богдан Грабулоски роден е во Прилеп 1948 година. Академија за ликовни уметности завршил во Приштина во 1980 година, а постдипломски студии на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1990 година. Работеше долги години како кустос во ЦК,,Марко Цепенков,, во Прилеп.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања