Од 8 до 13 август 2024 г. по 16 пат во ЦК „Марко Цепенков“ се одржа меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков -Дрен 2024„ на која учествуваа уметници од земјава и од странство.
-И годинава уметниците работеа на слободна тема. Се создадоа нови уметнички дела што ќе бидат дел од богатата збирка на Центарот. Создадените дела на годинашната колонија беа презентирани на изложба во Центарот, а претставување ќе има и во повеќе градови низ Македонија- вели Марјан Стојаноски од ликовната дејност на Центарот.
На колонијата твореа Петја Ѓеоргиева од Бугарија, Небојша Станков, Среќко Здравковиќ, Јована Ѓуриќ, Немања Вучковиќ, Милица Алимпиќ Илиќ од Србија, Радица Лелова Докузовска, Александар Таневски, Светлана Попова, Суарта Луфи, Ангел Коруновски, Валентина Стеваноска и Слободан Милошески од Македонија и прилепчаните Тони Чатлески, Марјан Стојаноски, Столе Дурланов и Никола Димески,
Колонијата се реализираше со финансиска поддршка на Министерството за култура и туризам, а досега збирката на слики и скулптури создадени на колонијата надминува бројка од 400 дела.







