Изложба од Елена Димоска Николоска

Во Ликовната галерија отворена е изложбата Let’s Talk About Plan(t)s, Baby! (Ајде да си зборуваме за растенија!) од прилепската умeтница Елена Димоска Николоска. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам во годишната програма за работа на Центарот во дејноста визуелни уметности.

Let’s Talk About Plan(t)s, Baby!е уметнички проект кој ја истражува убавината и упорноста на природата, наспороти човечката летаргичност и занемарување. Овој проект се фокусира на двa специфични новоизградени објекти во Прилеп, основно училиште и градинка, кои покрај тоа што веќе неколку години се изградени, до сега воопшто не се користени за нивната наменета цел. Наместо со детскиот глас и насмевки, дворовите на овие објекти се исполнети со разновидни растенија. Додека и двата објекти полека се распаѓаат, а многу деца и родители  го очекуваат отворањето на овие објекти, природата величествено процветала во отсуството на човечко присуство. Проектот ја истакнува дијаметралната спротивност помеѓу човечкото занемарување и упорната способност на природата да ја пополни празнината. Покрај илустрирањето на човечкото занемарување, проектот покажува како природата наоѓа начин да даде цел на овие напуштени места, трансформирајќи ги во живописни градини и шуми.

Елена Димоска Николоска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности – Скопје во 2017 година, оддел – ликовна педагогија со сликарство. Во моментов е студент на магистерски студии на Факултет за ликовни уметности – оддел Скулптура, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во нејзината уметничка работа, главен фокус се социјални теми кои ги третира преку сликарството како главен ликовен израз, а од неодамна истражува со скулптурата, како и со новите ликовни медиуми. Моментално живее и работи во Прилеп како наставник по ликовно образование. Има реализирано повеќе групни изложби.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости

Бидете секогаш во тек со новите случувања