Изложба на театарски фотографии „75 за 75“

Во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ отворена е изложбата на фотографии „75 за 75“. Автор на проектот е м-р Каролина Мицевска. ( 5 до 16.6.2025).
Изложени се 75 фотографии на канвас, на која се претставени претстави кои оставиле белег во децениското постоење на театарот „Војдан Чернодрински“, кој оваа година одбележува 75 г. од постоењето. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам во програмата за 2025 година. Изложбата ја отвори проф.д-р Ана Стојаноска, која потсети на големото значење на проектот за прилепскиот театар.

Досега се прикажале над 350 премиери, се одиграле повеќе од 7000 претстави, кои ги гледале на 1,7 милиони луѓе.
За одбележување е што низ годините најмногу претстави режирал Благода Дамевски, вкупно 62, а по 24 пати на претстави се потпишале Коле Ангеловски и М. Стефановски. Поставени се 282 текстови, кои ги режирале 70 режисери. Авторот Б. Њушиќ е поставуван 15 пати, од кои три пати – текстот „Нажалена фамилија“, и тоа во период 1950/51, 1962/63 и 1984/85. По 8 пати на сцената се поставувани текстови од Иљовски и Хаџиќ, па потоа Фејдо….За дел од претставите се освоени награди на меѓународни и домашник фестивали.
Заради симболиката, 75 години театар, одбрани се 75 фотографии со цел да се отслика 75 годишнината од опстојот и растежот на театарот. На поставката со фотографии на канвас, презентирани се моменти од претстави наградувани низ годините, претстави кои оставиле белег во историјата на театарот „Војдан Чернодрински“ и од претстави кои биле најдолго на репертоарот и биле најгледани.

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости

Бидете секогаш во тек со новите случувања