Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата „Уметност во простор“ од уметниците Катерина Деспот и Касиопеја Наумоска 13.-20.06.2025)
Изложбата ја отвори Бранче Трајкоски, потенцирајќи дека двете авторки во галеријата ја презентираат последната креација од нивната повеќезначна уметност со содржинско тематска смисла, интимности, осмислена со цел да едицира, инспирира и развива одреден уметнички опус.
-Изложбата отвора прашања за времето, неговата брзина, недостатокот и неможноста од неговото фаќање. Делата не нудат затворени одговори, туку постојат како уметност со асоцијативна отвореност што ја поканува публиката на лично доживување и интерпретација – рече Трајкоски, на отворањето на изложбата од Катерина Деспот и Касиопеја Наумоска.
Катерина Деспот и Касиопеја Наумоска, се академски уметници, кои имаат реализирано бројни изложби во земјата и во странство.







