Изложба на скулптури од Синиша Новески

Во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“  беше  отворена изложба на дела од Синиша Новески. Изложбата е дел од годишната програма на ЦК „Марко Цепенков“ за 2025, поддржана од Министерството за култура и туризам.( 24.10 до 3.11.2025).

Изложбата на скулпторот и професор Синиша Новески е со 20 скулптури во различни материјали, мотиви и тематики, работени во последните 20 години. Најмногу има од последниот негов циклус на скулптури наречен” Жар скулптури” кои се направени во дрво и се доста симболични и асоцијативни и на еден метафизички начин го прикажуват денешниот свет со елементи на македонската традиција и митологија. Тие како жар во дрвото зрачат со својата топлина и ја греат душата на посетителот и гледачот.

Во неговите скулптури секогаш има некоја лиричност и порака, но и богата ликовност и естетика .Скулптурите се во мал галериски формат, но зрачат со нивната монументалност.

Синиша Новески во неговото творештво има околу 30 самостојни изложби во земјава и странство и е добитник на многу награди и признанија .Член е на уметничкиот совет на ДЛУМ и работи како професор на Факултетот за архитектура при МИТ универзитетот во Скопје.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости

Бидете секогаш во тек со новите случувања