Од 26 ноември до 10 декември 2025г. во ликовниот салон од ЦК„Марко Цепенков“беше отворена изложбата „ Модерни и многуоблични “.
На изложбата со дела се претставија академскиот вајар Славчо Павлоски и студентите на ФЛУ Бранко Mанчев, Ванеса Ода и Вероника Цветаноска.
„Проектот ја претставува модерната уметност во скулптурата, графиката и сликарството. Ова е изложба која ги претставува разновидноста и комплексноста на модерната уметност, вклучувајќи различни стилови, техники и изразни средства. Исто така вклучувајќи ги и необичните и неочекувани моментни во делата, чисто авторски и експериментални. Вклучувајќи ја линијата, плохата и експресивноста на боите, ни објаснува за експерименталноста на авторите во своите подрачја. Различните аспекти на гледање на делата од страна на авторите во оваа многуоблична дејност, е токму тука претставена со различни техники и медиуми. Исто така се очекува од гледачот да ја разбере таа експерименталност која го следи целиот проект. Со изложбата се истражува богатата разновидност и креативна комплексност на модерната уметност, вклучувајќи ги трите основни медиуми на уметноста, преку различни авторски изрази, изложбата ги осветлува необличните и експериментални аспекти на овие уметнички форми.







