Од трети до 16 април во Ликовната галерија од ЦК ,,Марко Цепенков,, беше отворена изложбата ,,Од Утопија до Ентропија 83/26,, од уметникот Златко Крстевски, на која беа претставени 30 слики масло на платно. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.
Изложбата е пресек на согледување и преиспитување на пејсажната архитектонска форма како бришење од природните еколошки топоними. Од надреални утописки форми до деструкција ,уништување на природата… Визуелно согледување е на климатски промени како културни промени
-Климатските промени се еден од најголемите предизвици со кои се соочува човештвото денес и претставуваат фундаментален политички, економски, еколошки и социо-културен предизвик, што ги засегнува сите: Ние мора да реагираме сега , заедно и на поинаков начин . Секој од нас мора да го преиспита начинот на кој живее, што конзумира и да размислиме каков свет сакаме да оставиме за нашите идни поколенија .
На национално ниво, креаторите на политики треба да изнајдат начини за промовирање на одржлив економски развој, кој ке помогне во креирање на работни места и истовремено ќе придонесе за редуцирање на емисиите на јаглерод диоксид. И на глобално ниво, меѓународните лидери треба да се согласат на праведна, ефективна и амбициозна рамка за значително намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Во суштина, климатските промени повикуваат на културни промени. Тоа е главна тема на оваа изложба. Преку своите дела охрабрувам да развиеме нова свест и да го промениме начинот на кој се согледуваме себе си и светот. Покрај зголемувањето на свесноста и поттикнувањето дебата, исто така повикувам да реагираме. Навидум, климатските промени се проблем на иднината , но иднината се оформува во сегашноста .Затоа, сите ние треба да реагираме сега – вели уметникот.
Златко Крстевски покрај со сликарство се занимава и со авторски стрип, карикатира, мејл-арт. Учесник е на сликарски колонии, симпозиуми, изложувал во Полска , Тунис , Турција ,Словенија, Украина, Србија и др. Земји. Добитник е на меѓународни награди за сликарство во Тунис, Кореа, Словенија, за цртеж : Кина, Турција , Кореа….






