Изложба на дела од Валентина Стевановска и Миле Брцески
Изложба од десетина дела во полиестер и метал од Валентина К.Стевановска и Миле Брцески e отворена во 19.00 часот во галеријата ,,Борко Лазески,,.
Делата од Валентина К. Стевановска се дел од циклусот Македонија преку кои ја пренесува апропријативна идеја за љубовта кон татковината , како и нејзиното разбирање и артикулацијата. Стевановска завршува ФЛУ во Скопје, оддел скулптура, каде и магистрирала. Работи како доцент на ФЛУ и досега реализирала повеќе самостојни и групни изложби во земјата и во странство, како и монументални работи, меѓу кои и коњаникот Воин на коњ и фонтаната во Скопје.
Делата од Миле Брцески се на тема,,Компаративна игра,, преку кои тој нуди еден реалистично-фигуративен концепт, при што е реализирана идејата која е содржана низ процесот на метаморфоза и трансформација на духовните и традиционални вредности прикажана преку играта на човекот-дете,преку полното и празното,преку блискоста и далечината .
Миле Брцески има завршено ФЛУ Скопје, учествувал на повеќе изложби, а бил автор и на неколку проекти, меѓу кои и на Коњичката скулптура на Тодор Александров во општина Кисела Вода, како и добитник на повеќе награди.