Изложба „Експерименталниот цртеж на ДЛУМ -2015“
„Експериментален цртеж на ДЛУМ -2015“ е тематската изложба од делаод 30 автори што е отворена во ликовната галерија.
Љубителите на ликовната уметност имаат можност да проследат интересни дела од повеќемина реномирани ликовни уметници од земјата – членови на ДЛУМ.
-Не остапувајќи од фактот дека цртежот не е само составен дел од ликовната и применетата уметност, туку и од театарската, филмската и видео арт ументоста, повеќе од јасно е значењето на овој концепт на изложбата., кој целосно го напушта класичното. Современиот цртеж не ги исклучува традиционалните техники, туку често го проширува полето на истражување и експериментирање, вклучувајќи ги притоа сите негови радикални трансформации – велат од ДЛУМ.
Изложбата е прва од многуте што планира ЦК,,Марко Цепенков да ги реализира годинава вели директорот Тони Чатлески. Со програмата, Министерството за култура ќе финансира 36 ликовни проекти, а Центарот самостојно ќе реализира дополнително и други ликовни настани.