Search
Close this search box.

Изложбата „Понекогаш Тие“ од Гордана Хаџи Николова Малашев

Изложбата „Понекогаш Тие“  од Гордана Хаџи Николова Малашев

,,Понекогаш Тие“ изложба од 14 скулптури во дрво од Гордана Хаџи Николова Малашев од Гевгелија e отворена во ликовната галерија. Уметницата се претставува со скулптури ликови преку кои ги материјализира своите интимни духовни содржини кои од време на време мораат да добијат форма и да го покажат своето постоење.

-Делата скриени длабоко некаде во нејзината потсвест изглегуваат од ударот на нејзиното длето во својата најчиста и најискрена форма со едноставни, мирни и чисти површини. Од подножјето на парчето дрво, обработено со длето, се ослободува фигурата која со својата совршена површина остава впечаток како да се лизнало од грубата материја и се престорило во  смисла на зборот во „раѓање на формата“ – се вели за делата на Малашев.

Гордана Хаџи Николова Малашев има завршено ФЛУ во Скопје отсек вајарство во 2000 година во класата на професорот Драган Попоски – Дада. Во 2003 година станува магистер по вајарство. Член е на ДЛУГ, ДЛУБ и на ДЛУМ, учествувала на бројни симпозиуми, ликовни колонии во змејата и во странств о и реалаизирала повеќе изложби.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања