Изложба на дела од Кичевската ликовна колонија
Изложба на 30 дела од Кичевската ликовна колонија e отворена во ликовниот салон на ЦК,,Марко Цепенков,,. На изложбата се претставени 30 дела од уметници од земјата и странство кои твореа на 23 издание на колонијата што се одржува во прекрасниот амбиент во Куќата на Уметноста во Кнежино, кичевско.
Посетителите имаат можност да видат различни светови и индивидуални пристапи при утврдување на ликовни образци на уметниците.
-Секој од творците,преку изборот на својот личен ликовен говор се обидуваат да воспостават една нова врска меѓу духот и сопственото време, да ни ја откријат вистината и од онаа страна што ние помалку позната.На 23 Интернационална Кичевска ликовна колонија учествуваа 23 учесници од 13 држави, меѓу кои и прилепскиот уметник Тони Чатлеск – велат од Кичевската ликовна колонија.