Search
Close this search box.

„Импресии“ од Валбона Атанасковска

„Импресии“ од Валбона Атанасковска

Во ликовната галерија е отворена изложбата на дела „Импресии“ од Валбона Атанасковска, која изложува 18 дела преку кои ги пренесува нејзините впечатоци од различни патувања.

– Валбона Атанасковска иако е графичар се посветува на сликарството со чии средства најсоодветно го изразува својот темперамент и уметничка природа. Предмет на обработка и се пејзажот, портретот и актот што зборува за цврстата вкоренетост во сопственото опкружување. Нејзините пејзажи се изработени по сеќавање, но се полни со светлина и топол експресионистички сјај на бојата. Посебно внимание е дадено на контурната линија, како и на ритмичната поврзаност на целината. Во нив сепак преовладуваат живите колористички созвучја и експреисвната модулација на широките обоени површини. Бона не се подведува по модерните трендови туку го следи својот инстикт и ликовен резон. Нејизните дела го привлекуваат вниманието посебно со јасните форми , со боите од кои блика речиси детска радост и размена на енергија во два правци – вели за нејзините дела Владимир Величковски, член на AICA.

Атанасковска по втор пат се претставува пред прилепските љубители на уметноста. Таа е дипломиран сликар од ФЛУ во Тирана, а во 1997 година завршила и ФЛУ во Скопје – отсек графика и дизајн. Член е на ДЛУМ, а досега реализирала изложби во повеќе градови во Македонија, во Албанија, Германија…

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања