Search
Close this search box.

Изложбата “Живот во бои” од Андријана Мациев

Изложбата “Живот во бои” од Андријана Мациев

Изложбата „Живот во бои 2“ од уметницата Андријана Мациев е отворена (28.7.-11.8.2017) во галеријата „Борко Лазески„,На втората изложба пред прилепчани Мациев се претставува со 15 слики кои делуваат како да се продуцирани битово, со експресионистички манир и апстракција, приближувајќи се кон претстава на неопипливите нематеријални нешта: внатрешната состојба на духот и душата, виталноста, животниот импулс, љубовта…

Писмото на Мациев е препознатливо по силниот и контрастен колорит кој блеска со оптимизам и животна радост. Забележлива е тематската широчина во делата, која се должи на основните чисти ликовни вредности – линија, боја, композиција. Во ова множество на бои и форми, се испреплетуваат кругови во комбинација на геометриски линии и елементи, во различни големини и бои, создавајќи ритмичност на насликаната површина. Наносите на бои се изведени преку широк потег на четката, надополнети се со линеарни интервенции како контрапункт на основата, при што може да се заклучи дека овој начин е избран како патека за дефинирање на избликот на енергијата која е претставена на платната – ќе забележи Елена Иванова за творештвото на уметницата.

Мациев, графичар по ликовна определба, дипломирана на ФЛУ во класата на проф. Димитар Малиданов, реализирала бројни самостојни изложби, а учествувала и на групни, како и на ликовни колонии во земјата и во странство. За нејзиното творештво добитник е на бројни награди и признанија.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања