Search
Close this search box.

Изложбата „Национална митологија“ од Џелил Руфати

Изложбата „Национална митологија“ од Џелил Руфати

„Национална митологија„ е тематската изложба од уметникот Џелил Руфати што e отворена во ликовната галерија (22.9.6.10.2017). Руфати за првпат пред прилепчани се претставuva со творби кои имаат интересни уметнички знаци.

– Во ова уметничко патешествие Џелил остава уметнички траги и кали карактери и форми кои резултираат со разни нивоа на претворања од имиџ на уметник во уметнички знаци – фигури, структури, ритми, соодноси на детали и форми. Така, од надворешните знаци, добиени со помош на длета и чекан, уметникот создава уметничка идеја за фигурата, создавајќи историско културно табло на стражарот, војникот или на херојот, каде што се отелотворува херојскиот гест со хуманистичката намера за проширување на круговите на човековата слобода. Освен видливите материјални елементи, во делата на Џелил, ја препознавам и метафората, која поинаку се нарекува невидлива форма, или уметничка идеја, со која тој мошне успешно ги поврзува елементите на уметничкото изразување, формирано од целината на мислите, чувствата и гледиштата вели за неговото творештво вели Кадри Метај, филозоф – естетичар.

Џелил Руфити има завршено Ликовна академија на вајарскиот отсек во Приштина во класата на проф. Агим Чавдербаша, каде и магистрирал. Во почетокот работел како професор во гостиварската гимназија, а сега е професор на Ликовниот факултет во Тетовскиот универзитет по предметите вајарство. Реализирал самостојни изложби во Гостивар, Тетово, Дебар, Приштина, Париз, Њујорк, Скопје, Хамбург, како и повеќе групни. Бил учесник на повеќе колонии и семинари. Член е на ДРАУДАКУМ (Здружение на ликовни уметници на Македонија), реализирал повеќе уметнички остварувања, а добитник е и на повеќе награди.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања