Search
Close this search box.

Колонија ДРЕН во манастирскиот комплекс Св.Илија

Колонија ДРЕН во манастирскиот комплекс Св.Илија

Убавата природа на манастирскиот комплекс ,,Свети Илија,, во с.Дрен е инспиративна за творење на уметниците – учесници на Петтата по ред ликовна колонија ДРЕН 2008, (се одржува од 29 јуни до 7 јули 2012) што ја организира ЦК,,Марко Цепенков,,.

Воодушевини од природниот амбиент со шума, цвеќиња, стари куќи, уметниците создаваат дела кои ќе останат трајно наследство на ЦК и на државата, бидејќи колонијата се одржува со поддршка на Министерството за култура.  

Творат Светлана Солодовникова и Олга Петракеева од Русија, Драгана Бранковиќ и Мита Ристиќ од Србија, како и македонските уметници Сергеј Дамовски, Христина Зафировска, Владимир Кнежевиќ, Силвана Атанасовска, Мирослав Стојановиќ, Верица Димовска, Тони Чатлески, Анка Данаиловска, Владимир Темков...

Делата создадени на колонијата ДРЕН ќе бидат изложени на изложба во рамките на манифестацијата,, Цело лето – културно лето 2012 ,,

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања