Search
Close this search box.

Изложба на дела од колонијата Дрен 2020

Изложба на дела од колонијата Дрен 2020
Годинава уметноста одново се случи, но на дистанца заради корона кризата. Уметниците иако не се дружеа физички, сепак работеа во сопствените ателјеа, пренесувајќи ја позитивната мисла. Помислата дека даруваат нешто вредно ги „водеше“ да создадат дела кои се ќе останат забележани дека се создадени на 12 – тата Ликовната колонија „ДРЕН 2020“, која ја организираше НУЦК „Марко Цепенков“, со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Годинава во ателјеата твореа 14 автори и на изложбата со дела учествуваат
Џигдем Ѓуллу, аташе за култура на Р. Турција, Беди Ибрахим,
Мирко Вујисиќ, Микица Трујкановиќ,
Драган Најденовски,
Марија Стојаноска Петковски,
Тони Чатлески, Мирјана Крстева Масети, Владимир Темков,
Жани Гелевска, Марјан Стојаноски, Александра Димитрова,
Ангел Коруновски, Тамара Танкоска..), кои на своите извонредни дела ги отсликаа нивните видувања, нивните импресии од секојдневието.
Ја пренесоа со љубов својата уметничка душа на платното.
Ги пренесоа нивните верби за подобро УТРЕ. А таа нивна верба посетителите ќе можат да ја видат на изложбата отворена во ликовната галерија.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања