Изложба „Дома“ од Александра Ацеска и Илија Ацески

Од 7 август  до почетокот на септември 2026г. во Ликовната галерија беше отворена изложбата на фотографии и дигитални дела “ДОМА – меѓугенерациски дијалози за денот и ноќта“ – колаборативен проект на Александра Ацеска и Илија Ацески (ќерка и татко). Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Изложбата е визуелен дијалог во кој се откриват две перспективи на поглед кон светот. И од тука лежи една фундаментална тензија. Едената перспектива, на Ацеска е аспект од нашата природа кој се стреми да разбере преку дисекција — да разложува, анализира и поедноставува, во потрага по значење. Другата перспектива е таа на Ацески, и е аспектот кој ја сфаќа суштината на нештата не преку прекумерна анализа, туку преку директно искуство и прифаќање. Изложбата се позиционира токму во тој простор меѓу двата пола: место каде што едноставниот симбол може, всушност, да содржи цел универзум, и каде што значењето се појавува како соработка што го чека доаѓањето на набљудувачот.

Ацеcка Александра,  живее и работи во Фошан, Кина. Во 2017 г. дипломирала на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Факултет за ликовни уметности Скопје, одсек сликарство и графички дизајн, во 2023 г. магистрира на сликарство на Факултетот за ликовни уметности, Скопје.  Реализирала повеќе самостојни и групни изложби и добитник  е на повеќе награди.

Илија Ацески подолго време се занимава со фотографирање. Освоил награда во Патиказ магазин за фотографија Момата 2012 г Ехо фестивал, за планинарска фотографија -трета награда, Корабски водопад – Фото на неделата во Нова Македонија во 2023 г и уште еднаш во 2024 г. Учествувал на годишната изложба на ФФК Прилеп во 2024г. Фотографира за повеќе списанија.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости

Бидете секогаш во тек со новите случувања