Search
Close this search box.

Изложба – инсталација од Јован Наумоски

Во Ликовната галерија отворена е изложбата- инсталација
“Метаморфози на просторноста” од уметникот Јован Наумоски, кој вели дека просторот е димензија во која што човекот се движи, работи.
-Воведувањето на оптичка илузија на двојна перспектива е само еден дел од проблемот со кој се занимавам преку моите објекти низ кои ја претставувам повеќедимензионалноста, раслоеноста и преобразбата на просторноста, при што секој елемент е дел од една мозаична целина, но истовремено води кон различна перцепција на “другата просторност” на сосема поразличен начин комбинирајќи ги со другите, така сочинувајќи повеќе паралелни нарации во рамките на решението – вели авторот.
Јован Наумоски досега има реализирано повеќе самостојни и групни изложби.

Неговиот опус во творештвото е разновиден.
Дејствува на повеќе полиња на уметноста, во графиката сликарството, скулптурата, фотографијата, дизајнот.
Моментно е активен на полето на графичкиот дизајн и визуелните уметности.

 

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања