Search
Close this search box.

Изложба „Јапонскиот лебдечки свет“

Од 29. март 2024 до 10 април во фоајето од Центарот беше отворена изложбата на големите јапонски мајстори за дрворези „Јапонскиот лебдечки свет-UKIYOE“, што го отсликува светот од 17 и 18 век.

Изложбата „Јапонскиот лебдечки свет-UKIYOE“ беше по повод 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу  Јапонија и Македонија. Воедно с еорганизираше и цртачка работилница за ученици,  чии дела по завршувањето на циклусот патувачки изложби, ќе биде организирана изложба.

На преку 30 копии-принтови од цртежи од најпознатите јапонски мајстори на дрворези од 17 и 18 век, до публиката, допре шармот на „светот кој лебди“ кој е всушност отслик на подемот на трговската класа во градот Едо(денешно Токио) во периодот од раниот 17 век, и нивната  хедонистичка филозофијата која ги подржува моментните задоволства на животот, при тоа славејки ја убавината на природата преку претставите на месечината, снегот, црешовиот цвет или јаворовиот лист. Раскошните квартови во Едо, во кои самураите и граѓаните ја сочинувале новата градска класа, која се натпреварува во елеганцијата и рафинираниот вкус, стануваат неисцрпна тема на дрворезите на ukiyoe мајсторите.

На изложбата беа претставени најзначајните мајстори на  ukiyoe,-Хишикава Кишибеи наречен Моронобу, кој во раниот 17ти век, бил првиот сликар кој започнал со ukiyoe дрворези на кои портретирал енергични жени од Едо, полни со живот, наспроти дотогашните портрети на неприродни и кршливи ликови. По големиот успех на неговите  цртежи тој е првиот илустратор кој се  потпишува на своите дела. Хишикава школото привлекло голем број следбеници, со што била започната популаризацијата на новиот уметнички стил-укијое.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања