Search
Close this search box.

Изложба на дела од членови на ДЛУП

Во Ликовната галерија е отворена изложбата  “Креации од ноќта-уметност инспирирана од соништата” на 15 уметници – членови на ДЛУП.. (1 до 15.09.2023).

Со дела се претставуваат Анита Сотироска, Бојана А.Трпческа, Ферди Булут, Александар Џинго, Методија Исков, Лепа Милошевска, Маја Р.Миладиновски, Дарко Талески, Елена Димоска, Верче Николоска, Александра Богоеска, Викторија Димеска, Филип Јовески, Марта Макеска и Емил Солески.

Изложбата ја отвори  Викторија Димеска, историчар на уметност, која истакна дека симболиката на сонот служела за одгатнување на психичката активност на потсвеста и начинот на којашто влијаела врз однесувањето на поединецот во секојдневието.

-Особен предизвик и инспирација за група современи уметници, односно членови на ДЛУП Прилеп е токму сонот. Имајќи ги во предвид нивните основни концепти и принципи, уметниците/учесници создадоа дела од сопствениот уметнички афинитет и со помош на разни техники и материјали – рече Димеска.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања