Изложба од Драган Верговски – Алпи

Од 17 април во 14 мај 2026 година, во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ беше отворена  изложбата „Дозимери“ од Драган Верговски -Алпи, на која беа изложени 30 дела работени на картон и на алуминиумски лим, на кои се пренесени најразлични мотиви ; крстови, пејзажи, кочанско поле….
„Циклусот го работев оддеднаш како да претчуствував голема трагедија. И потоа се случи трагедијата во Кочани. По 20 часа дневно творев додека работев на конзервација на мозаикот од Чемерски„ – вели авторот Драган Верговски – Алпи.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

Драган Верговски Алпи е советник конзерватор. Завршил средно уметничко училиште, Педагошка академија кај проф. Борко Лазески, а Факултет за ликовна уметност во Скопје кај проф. Димитар Кондовски. Самостојно изложува од 1968 година со изложба на Младинска работа акција во Нов Белград. Има реализирано бројни самостојни и групни изложби. работи и икони. Низ своето долгогодишно работни искуство како советник конзерватор за мозаици на Конзерваторскиот центар во Скопје, дал голем придонес за зачувување на македонското културно наследство. Како експерт од областа на конзерваторско- рестравраторските проблеми на мозаичното и штафелајното сликарство, работи на изготвувањето и реализирањето на многу проекти во земјава. Со тоа се здобива со значајно искуство во решавањето на конзерваторско рестарваторските проблеми и разновидноста на материјалите во областа на сликарските техники – масло на платно, икони, масло на картон, темперна техника, акрилна техника, комбинирана техника, фрескосликарство, мозаик, објекти и скулптури

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости

Бидете секогаш во тек со новите случувања