Search
Close this search box.

Изложба од Родољуб Анастасов

Од 20 февруари 2024 до почетокот на март во ликовната галерија на Центарот  беше отворена изложбата “ВИЗИИ-Глава полна со луѓе“ со  дела од доајенот на  македонското сликарство, Родољуб Анастасов. Автор и куратор на изложбата беше  Јасминка Намичева,  од неформалната мрежа на музеи –МузеумЛинк.

Посетителите имаа можност да проследат нова и досега неизложена серија на цртежи, работени во техника молив и молив во боја на хартија, во мали формати каде извонредниот Анастасов, од својот мемориски трезор изнедри повеќе од 200 портрети, создадени  во периодот 2016-2022година. На тематски план оваа серија на цртежи е автобиографска затоа што портретираните луѓе, на еден или на друг начин, биле дел од неговиот живот или барем ги сретнал на неговата животна патека и останале запишани во неговата меморија. На филозофски план, низ мемориските репродукции како повторувања, реконструкции и меѓусебни врски на запомнетото, оваа серија на цртежи е соочување со фактот дека и смислата и бессмислата подеднакво се својство на животот. На психолошки план таа е креативно ослободување од нараснатиот притисок акумулиран од регресивното ментално патување по личната животна патека.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања