Search
Close this search box.

Изложба „Пиктограми“ од Светлана Попова и Марија Штерјова

Симболиката на преносното значење на знаците, да се препознаат, прочитаат, почуствуваат, универзалноста на математички совршениот бескраен универзум, пресликан во фантастичниот мал Фибоначи човек,  е лајтмотивот на изложба”Пиктограми”од Светлана Попова и Марија Штерјова, отворена во Ликовниот сало (26.04.2024 – 10.05.2024)

Уметниците м-р Светлана Попова, од Штип, израсната во чколијата, чошињата и чаршијата прилепска, и магистрант Марија Штерјова, штипско моме, две различности, две професии, две искуства, работејќи заедно создаваат вистинско уметничко искуство. Љубовта кон боите, платното, четките ги споила, а резултатот е сега видлив со изложените дела.

Секое парче резонира со суштината на животот, раскошот на љубовта, битот на семејството, визијата кон инднината, а се преку универзалниот јазик на симболите.

„ПИКТОГРАМИТЕ“, во своите творби не само што ја прославуваат убавината на светот околу нив, туку и пренесуваат наратив на емоции, искуства и врски, поканувајќи ги гледачите да ги истражат длабочините на човековото изразување, втурнувајќи се длабоко во значењето на сликовниот јазик и сопствената душа.

Сликите се изработени во техника акрил на платно, акрил на панел, акрил на хартија, со различни димензии и јаки контрасти на бои.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања