Search
Close this search box.

Изложба „Вилина во простор“ од Маја Танева

Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп,отворена е изложбата „Вилина во простор“ од уметницата Маја Танева. (20.06. до 5.07.2023).

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, исотричар на уметност која посочи  „Танева скулпторски раскажува слободна лирична наративност со дијагонално извиени и динамични асоцијативни апстракции. Впечатливиот треперлив контраст во текстурата на формата е постигнат со таинствен ткаеж на јажињата внимателно создадени во преплети со различна густина – на одредени места таа е збиена, додека на други густината на преплетот е разредена. Моделираните мрежести асоцијативни облици излегуваат надвор од рамките на дрвените рабови на ѕидните инсталации и формираат илузија на динамичност. Апстрахираните облици коишто асоцираат на вилински претстави доминираат во севкупниот наратив на преплетените интервенции. Заробени во магична мигновеност, загадочните растреперени вилински структури егзистираат во имагинарен артифициелен свет пленејќи со својата лиричност, чудесност и моќност.“

Маја Танева е линеарен уметник, скулптор – создава скулптури, инсталации и слики со фокус и манипулација на линијата како единка и група. Скулптурите и инсталациите ги создава со индустриски челични јажиња – сајли, кои во тешката индустрија се наменети како опрема за подигнување. Ова и е 12 самостојна изложба. Член е на ДЛУМ.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања