„Оган“, мултимедијален проект од Бојана Артиновска (27 март – 2 април 2026)

Во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ се реализираше мултимедијалниот проект „Оган“ од академската уметница Бојана Артиновска.

Артиновска се претстави со дела и воедно реализираше сликање во живот.

Во своите нови апстрактно асоцијативни дела академската уметница Бојана Артиновска ја црпи инспирацијата од огнот посочува м-р Виткорија Димеска, историчар на уметност.

-Острите назабени контури се извишуваат како бранови и создаваат ликовни структури што интуитивно пурифицираат преку визуелната интерпретација. Трепетливите извиени арабески ги разбудуваат сетилата на набљудувачот и создаваат разгорена реалност, синтеза на разиграни бои и интуитивно слоевити колоритни површини. Широките колоритни облици прецизно контурирани со назабени извиени линии создаваат структури кои го образуваат содржинскиот поттекст на творештвото на уметницата. Асоцијативните содржини изразени преку колоритот се поврзуваат со идејата за огнот, праисконскиот елемент што ја гради материјата. Апстрактните колоритни целини ги раздвижуваат емоциите и ја поттикнуваат животната виталност. Во одредени композициски структури боите целосно разгоруваат со сите нијанси на жолта портокалова и црвена кои се манифестација на белата светлина. Во одредени колоритни интервенции константното жарење и вибрации на разни црвени нијанси не дозволува ни ронка починка и се разлеваат и се преточуваат од една во друга. Пурпурно црвената боја во други композиции тлее и се преточува во кафеави и црни нијанси отелотворувајќи го димот. Разиграните колоритни апстрактно асоцијативни содржини симболично ја сугерираат топлината на огнот и светлината на сонцето, праисконски сили клучни за животопогодноста. Во одредени композиции симболиката на сонцето е потсилена со формата и обликот на насликаната површина. Контрастот меѓу темнина и светлина изразен преку раскошната сликарска палета ја потсилува визуелната метафора за стихијноста на жарот, моќта на огнената жешкотија и бескрајната сончева светлина – посочи Димеска, за делата од Бојана Артиновска.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости

Бидете секогаш во тек со новите случувања