Search
Close this search box.

Шеста колонија ДРЕН

Шеста колонија ДРЕН

Од 28 јуни до 7 јули 2013 година, по шести пат во манастирскиот комплекс Св.Илија во с. Дрен, ЦК,,Марко Цепенков,, ја реализира традиционалната ликовна колонија Дрен.

На колонијата, која е во рамките на Прилепското културно лето, учествуваат еминентни уметници од Македонија, Русија, Бугарија, Словенија.

На колонијата Дрен творат: од Русија( Малка Малкова, Светлана Вахнина,  Александар Белугин) од Бугарија ( Павлинка Маркова – Копано, Светлозар Недев, Корнелија Марган) од Словенија –

Лучка Шпаровец, а од Македонија (Силвана Атанасовска, Владимир Кнежевиќ – Путец, Олгица Антовска, Богданка Барутовска, Николета Стојческа, Елица Димитрова, Тони Чатлески).

Делата создадени на колонијата ќе бидат презентирани на изложба што ќе биде отворена на почетокот на септември, на завршницата на културното лето.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања