Search
Close this search box.

ИЗЛОЖБА „ГЕОЛОШКИ ПРЕСЕК 2„ – ИНСТАЛАЦИЈА ОД ДАВИД АТАНАСОСКИ

ИЗЛОЖБА „ГЕОЛОШКИ ПРЕСЕК 2„ – ИНСТАЛАЦИЈА ОД ДАВИД АТАНАСОСКИ

Во Ликовната галерија e поставена изложбата инсталација „Геолошки пресек 2“ од прилепскиот уметник Давид Атанасоски. Идејата за реализација на инсталацијата, вели уметникот, се надоврзува на претходните негови заложби во кои рециклирањето има примарно значење.

– Се работи за ѕидна инсталација од отпадни дрва. Имено, дрвените штици ја сочинуваат основата на автономната и интегрирана структура. Строгиот распоред на композицијата, односно стратигафската систематизација и паралелизација на дрвените штици кои ја сочинуваат инсталацијата, ја потенцираат и нејзината архитектонска концепција. Инспирирана е од примарните архитектонски конструктивни елементи, од природната стратиграфија и слоевитост на земјата и севкупната историја, книжевност и наука на човештвото. Вертикално испратените објекти се прилагодливи во релација со урбани и архитектонски затворени простори – објаснува Давид.

Атанасоски досега реализирал самостојни и групни изложби во градов и низ Македонија, а бил дел од ликовни колонии.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања