Search
Close this search box.

Биљана Ангелеска

 

Од 26 февуари во Ликовната галерија

„Ангели” од Билјана Ангелеска


Билјана Ангелеска, академски сликар од Охрид, прв пат изложува во Прилеп. Се претставува со 15 дела, дел од циклусот „Ангели”, работен во период од 2 години,каде во целост или фрагментирано човечкото тело го претставува како ангел. Уметникот, ангелите, ги презентира на непредвидлив и несекојдневен начин, асоцијативно несвојствен за темата. Делата будат меланхолично мрачно чувство што е предизвикано преку тоналитетот на боите, положбата на телата и самата приказна раскажана во секоја слика поединечно.

„Сакам да нагласувам раскажувачки моменти, при тоа да ги акцентирам со несликарски материјал како коноп, жица, пердуви, платно и други тридимензионални форми. Најголемиот акцент го ставам на крилјата кои секогаш излегуваат од рамките и површината на сликите. Со ваквото излегување, сакам суптилно да навлезам во и околу просторот на набљудувачот. Оваа скоскотлива, загадочна и безвременска тема, е врска меѓу материјалното и духовното, физичкото и мисловното. Таа е доволна провокација да прашувам, да одговарам, да верувам”

Билјана Ангелеска

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања