Search
Close this search box.

Дејан Иванов

 

Од 30-ти април во Ликовната галерија

Изложба на Дејан Иванов-Маргуш


Дејан Иванов-Маргуш (1979) пред прилепската ликовна јавност се претставува со дваесетина дела работени во комбинирана техника во кои главно се внесени неискористени сликарски материјали и постапки. Авторот досега самостојно се претставил во Скопје, Струмица, Белград, а групно освен низ земјава изложувал и во САД, Франција, Србија, Хрватска и Бугарија.


 

 

За неговото творештво Филип Николоски забележува: Во делата, Иванов внесува несликарски материјали: песок, ќумур, пепел, стакло и други прирпдни и синтетички материјали. Овој пристап кон создавањето на дела не е туѓ, непознат во историјата на уметноста. На специфичен нашин и со смисол го изразува својот внатрешен набој. Својот импулс го реализира непосредно пред платното, во совладувањето на материјалот, ја вклучува спонтаноста и чувствителноста. За авторот текстурата, нераскинливо поврзана со бојата ја има клучната емотивно-изразна функција преку која се обликуваат, втиснуваат, изразуваат најискрените творечки импулси. Бојата со своите топли созвучја и хармонични односи ја претставува структурата на сликата. Потезите се реализирани на начин кој ги следат контрастите или хармонистичните колористички односи. Сето ова го надополнува рејлефноста како целина во авторовата ликовна приказна, која заедно со односот боја – текстура претставува добра подлога за следни уметнички остварувања.

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања