Search
Close this search box.

ИЗЛОЖБА „БОИТЕ НА МОЈОТ ГРАД“ ОД ФИЛИП ЈОВЕСКИ

ИЗЛОЖБА „БОИТЕ НА МОЈОТ ГРАД“ ОД ФИЛИП ЈОВЕСКИ

Во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ (9.11.2022 – 18.11.2022) е отворена изложбата на слики „Боите на мојот град“ од авторот Филип Јовески. На изложбата се претставени слики во комбинирана техника работени годинава, на кои се претставени значајни градски објекти, визури и пејзажи од Прилеп.

– Изложбата претставува кулминација на истражувањето на архитектонската форма низ илустрација и слика, искажано преку синергијата на двата аспекти од моето творештво: архитектурата и уметноста – вели Јовески.

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност, посочувајќи дека Јовески, применувајќи ги прагматичните аспекти и принципи на архитектонскиот цртеж, создал конструкција, додека со бојата креирал нова концептуална и амбиентална свежина.

– Мултидисциплинираната синтеза овозможува на деликатен начин да се изразат суштинските вредности на применетите дисциплини. …Со мапирањето на културно историските споменици и инкорпорирањето на прилепските пејзажни предели, Јовески создава вонвременски холограмски простор на својот роден град, конструиран и обоен од сопствените сеќавања, импресии и емоции – посочи Димеска на отворањето на изложбата.

Филип Јовески е дипломиран инженер архитект, магистер по архитектура. Има проектирано повеќе значајни објекти во Македонија и Германија. Учествувал на повеќе ликовни групни изложби и проекти, како и на уметнички колонии за вајарство и сликарство. Член е на ДЛУП. Во последните неколку години освен како архитект, работи и како дизајнер, илустратор на детски книги и концепт артист за графички новели.

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања