Search
Close this search box.

Изложба „ДОЗВОЛИ ДА ЛЕТНЕ КО’ПИЛЕ“ од Сокол Марковски

Изложба „ДОЗВОЛИ ДА ЛЕТНЕ КО’ПИЛЕ“ од Сокол Марковски

Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“отворена еосмата самостојна изложба на Сокол Марковски„Дозволи да летне ко’пиле 2“. ( 7 – 27.04.2023).

На изложбата претставени се 30 – тина дела, изработени во периодот на 2022 година во техниките масло на платно, масло на плексиглас и комбинирана техника и дигитален принт на хартија.

Изложбата „Дозволи да летне ко’пиле“ на Сокол Марковски се однесува на невидливоста на одредени категории лица, во конкретниот случај напуштените деца, (п)оставени на маргините на општеството во кое уште од најраната возраст се соочуваат со различни видови дискриминација. Маргинализираните групи деца вообичаено се оние на кои поради неможноста да растат и да се развиваат во сопствено семејство, повеќе или помалку, им е ускратена пристапноста до социјалните, економските, политичките и културните права. Предрасудите и стереотипите, кои сè уште (изразено) постојат во нашето општество, претставуваат длабоко социјална проблематика и најчесто овие деца се третираат како речиси невидливи во општеството, односно се избегнувани како безлични ентитети со различен вид омаловажувачко етикетирање.

Портретите, кои авторот, како тематска определба ги усовршува подолг период, се средство за најексплицитна и најдиректна форма за соочување со ликот и страдањето на Другиот, со „копилињата“ кои, иронично, општествено треба да се безлични. Предимензионираноста е тенденциозна заради постигнување нивна поголема видливост, наспроти посочените наметнати невидливи позиции, при што се претставени интимните психолошки состојби. Преку црно/белата палета дополнително се алудира на дуализмите како што се: темнина/светлост, позитивно/негативно, припадност/неприпадност, видливост/невидливост, појавност/внатрешност, полно/празно… Притоа, се манифестира одреден вид деконструкција на повеќеслојните ликови…..

Сокол Марковски дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Факултет за ликовни уметности, педагошки отсек, насока сликарство, во класата на проф. Јован Шумковски во 2018 година. Реализирал повеќе самостојни изложби во земјава и во странство.

 

ЗА НАС

Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп цели 40 – ет години го создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија.

Повеќе Артикли..

Зачленете се за Новости



Бидете секогаш во тек со новите случувања